fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно и студено

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. И во сабота изутрина ќе биде студено, а потоа температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.

Претпладне променливо облачно и студено, по одделни котлини со значителна ниска облачност. Попладне претежно сончево. Претпладне ќе дува слаб северен, а попладне слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне сончево. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне 4 степени.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
-14 Маврови Анови, -13 Берово, -12 Попова Шапка, -10 Битола, -8 Крушево, Крива Паланка, -7 Охрид, Прилеп, Претор, -6 Тетово, -5 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Куманово, -4 Струмица, Виница, -3 Скопје-Зајчев Рид, 1 Дојран, Гевгелија.
СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во см)
49 Маврови Анови, 30 Попова Шапка, 27 Крушево, 26 Пожаране, 19 Ѓуриште, 7 Битола, 6 Берово, 4 Претор, 3 Тетово, Прилеп, 3 Крива Паланка.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. И во сабота изутрина ќе биде студено, а потоа температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.

Локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота во текот на ноќта во западните делови и во понеделник кон крајот на денот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close