Агро бизнисВестиТоп вести
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец.
Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.





