Промоција и модернизација на сточарството во Пелагонија

(Oвој напис е објавен на: July 3, 2018)

Во рамките на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, на фарма во село Могила се одржа настанот „Промоција на активностите на УСАИД и приватниот сектор за модернизација на сточарството во Пелагонија“.

Проектот за развој на деловниот екосистем во 2018 склучи партнерствa со неколку компании со цел коинвестирање за модернизација на млекопроизводството во Пелагонија. Заедно со партнерските компании, Проектот кофинансира нова земјоделска опрема и механизација која ќе се стави во функција на бројни фарми со цел зголемување на приносите и квалитетот на млекото. Дополнително, Проектот и партнерските компании ќе обезбедат обуки и техничка помош за достигнување на оваа цел.

Оваа активност беше презентирана на фармата на Флоре Груевски (кооперант на Здравје Радово), заедно со следната опрема: Опрема кофинансирана со компаниите Сано, Екошар и ДОО Шамбески, во соработка со ЛАГ Агро Лидер (Роло балирачка (за употреба на 5-6 фарми), TMR миксер за сточна храна (за употреба на 3-5 фарми), Бокс за кастрење на копита (за употреба на околу 100 фарми), Опрема кофинансирана со млекарата Здравје Радово ( Лактофризери (за употреба на 30 фарми) На настанот беа презентирани и  Регионални обуки, за: Хигиена на фармите во процесот на млекопроизводство, грижа за здравјето и благосостојбата на сточниот фонд,  подобрување на генетиката на сточниот фонд и подобрување на производството на сточна храна.

На настанот присуствуваа повеќе гости, меѓу кои директорот на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери; директорката на Проектот, Мирјана Македонска; директорката на Здравје Радово, Кристина Камчева; претставници на другите партнерски компании, како и дваесетина млекопроизводители од Пелагонија.

Проектот планира да го прошири обемот на овие активности во наредните неколку години, но и да воспостави поголема соработка со други деловни субјекти и млекопроизводители.

 

Share Button