Прскање со дрон за подобри приноси во земјоделството

(Oвој напис е објавен на: February 24, 2017)

Употреба на дронови и други летала за прскање на земјоделските површини е една од најновите технологии чија примена дава големи резултати во прилагодување на производството на новите климатски услови на планетата. Сојузот на стопански комори информираше дека веќе доставиле иницијатива до Министарството за земјоделство да се создадат законски предуслови за употребата на мали летала за оваа намена.

373EC0159BBA2B49ACF373CDC5A4CA8F

Тие, објаснуваат во Комората, во услови на поплави, како што се случија минатата година во Пелагонија и во Кочанско, можат успешно да третираат површини до 30 хектари со хербициди, инсектициди и фунгоциди, во делови каде што механизација не може да пристапи.

Користењето на дроновите, потенцираат во ССК, е поевтино од користењето на поголеми летала и веќе е многу модерно во земјите од регионот.

dron-suma

„Досегашното пробно користење на дроновите за оваа намена даде одлични резултати и покажа дека е многу поевтино, од четири до пет евра за хектар, додека авионското третирање е околу 40 евра. Аплицирањето на препаратите со дронови е воедно и исклучително прецизно што ги намалува трошоците и го прави производството многу поевтино“, вели Огнен Оровчанец, претседател на Агробизнис комората.

Македонските земјоделци треба да се во чекор со светските трендови за надминување на влијанието на климата, не само со обезбедување на поголеми приноси и поквалитетен производ, туку и со одбирање сорти кои се отпорни на болести и на суша. Правилното наводнување, особено преку системот капка по капка е еден од веќе потврдените начини за зголемување на приносите, посебно кај пченката. Целта е обезбедување стабилно производство и сигурни приноси преку минимизирање на ризиците од климатските промени кои во иднина ќе бидат уште поголем предизвик за земјоделците.

dron-123

Минатата година во однос на житните култури беше најлоша токму поради сушите и поплавите што зафатија одредени региони од државата. Ожнеани беа 75.000 хектари пченица наместо 85.000 – 95.000 тони што е вообичаено, а реализиран беше и најголемиот увоз, 97.538 тони пченица и 47.835 тони брашно, главно од Србија. Откупот од 49.571 тон заедно со увезените количини достигна 215.513 тони пченица, посочи Оровчанец. Оваа година, според него, се очекува да биде добра, но само ако агротехничките мерки од кои дел се веќе во тек, завршат навремено, до крајот на мај.