fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски-Обезбедивме буџет од 10 милиони денари за локални манифестации

Работиме на промоција на нашето, традиционално, македонско

Активно работиме на промоција на нашето, традиционално, македонско. Локалните манифестации се од исклучително значење за државата во промоција на убавите домашни прoизводи. Оваа година за нивна подрршка обезбедивме буџет од 10 милиони денари, за што повеќе локални настани низ државата, објави министерот за земјоделие Љупчо Николовски.
-Успешно го организиравме и вториот Национален саем за храна и пијалоци “Вкуси ја традицијата”, со над 400 производители и над 2000 производи.
Нашето македонско вино, сирење, млеко, органски производи, традиционални специјалитети ги промовираме и на бројните светски саеми. Целта ни е да го покажеме нашето богатство и потенцијал за развој што го имаме под ова македонско сонце.
Нашата делегација со детални презентации за земјоделските пазари, политиките на квалитет, органското земјоделство и промоцијата на земјоделските производи.
Усогласувањето на законодавството и имплементацијата на стандардите на ЕУ за ова поглавје, значи модерно и конкурентно земјоделство и квалитетни производи кои ќе можат да се пласираат на европскиот пазар, објави Николовски.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close