Расцутени полиња со маслодајна репа
Жолто до каде што допира погледот
Жолто до каде што допира погледот – оваа жена вози мотоцикл низ расцутено поле со маслодајна репа во Алтенхолц, Германија.
Земјоделците ја сакаат маслодајната репа како земјоделска култура, други пак ги обожаваат жолтите полиња поради тоа што се одличен фотомотив. Во ниту една друга земја од Европската унија не се сади толку многу маслодајна репа како во Германија. Таа е омилена поради тоа што од неа се добива масло.
Кога жолтите цветови ќе исчезнат на крајот на мај, се развиваат таканаречени мешунки. Секоја мешунка содржи околу 15 до 18 црни семиња, од чиј состав половината е масло. Овие зрна се мелат за да се извади маслото. Суровото масло се чисти, а потоа дополнително се обработува.
Нуспроизвод е добиточната храна. Покрај тоа, маслодајната репа е содржана во маргаринот и се преработува во биоразградливи состојки за подмачкување, хидраулично масло и биодизел.
Маслодајната репа ја сакаат и пчелите. Во периодот на цутење, пчеларите радо ги поставуваат своите колонии во близина на полињата со маслодајна репа, бидејќи пчелите собираат до 100 килограми мед од еден хектар нектар.https://www.dw.com/mk/