fbpx
ВестиСовети

РАЗГОВОР НА ТЕМА : КАКО ДА СЕ СТЕКНЕТЕ СО СЕРТИФИКАТ ЗА ОВОШТАР

ovostar

Со Проф. д-р Тошо Арсов
Раководител на Катедра за Овоштарство 
Факултет за Земјоделски науки и храна -Скопје

Почитувани наши,

На барање на неколку членови на ЗЕЛЕНА БЕРЗА , денес го контактиравме Проф. д-р Тошо Арсов ,Раководител на Катедрата за Овоштарство при Факултет за Земјоделски науки и храна -Скопје за да се информираме што значи и како се добива сертификатот за лиценциран Овоштар. Еве што накратко ни објасни Професорот.
Во рамките на Националната програма за развој на образованието во РМ , во делот за Неформалното образование кој е во надлежност на Министерството за образование а кое се однесува на Земјоделството , Фактултетот за земјоделски науки и храна во Скопје во септември 2017 година доби акредитација за издавање на сертификати за Овоштари. За да се стекнете со овој сертификат потребно е да посетувате обука која се одвива во просториите и на парцелите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Истата е поделена во два дела а ги опфака најбитните операции кај овоштарството и тоа :
– Калемење ( производство на овошен саден материјал)
– Резидба ( подигање и одгледување на овошен насад)
Обуката има околу 120 часа од кои 30 % отпагаат на теорија ( или 6 дена) 10 % отпагаат на оценување ( 2 дена) и останатите 60 % се практична работа ( 12 дена). Предавањата и оценувањето ќе се одвива во просториите на Факултетот. Практичната работа ќе се одвива во овоштарниците кои како опитен насад ги поседува Факултетот, а истите се наоѓаат на истата локација со Факултетот. Исто е битно да се истакне дека едниот дел од обуката се одвива во пролетниот период а другиот дел во есен согласно календарот на операции кои треба да се направат во овошниот насад.Секој од учесниците на оваа обука ќе има по две-три овошки на кои ќе биди обучуван како да ги спроведе потребните операции. Обуката ја водат тим од професор од истиот Факултет и истата чини 30,000 денари плус ДДВ. Стекнувањето со овој сертификат Ве прави практично и теоретски спремен и сертифициран ОВОШТАР со која лиценца можете да го работите Вашиот насад а воедно и да вршите услуги кај други сопственици на овошни насади.
ЗЕЛЕНА БЕРЗА може да ви посредува во пријавувањето .

Очекуваме Ваши прашања и коментари, предлози и мислења во врска оваа постапка за сертификација на овоштарите.

Ваша Зелена Берза
Христина Фуна / Валентина Соколовска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close