fbpx
ВестиТоп вести

Кикирите имаат повеќекратна корист, но многу малку ги  одгледуваат

 

Кикиритката е  растение кое неправедно е запоставена во одгледувањето. Услови за растење постојат, а од нив се прават многу производи и ја прават оваа култура многу профитабилна.

Потекло и распространетост

Кикиритките  водат потекло од  Јужна Америка и на Стариот континент не беа познати до  откривањето на Америка. Денес кикиритки се одгледуваат скоро насекаде во светот и претставуваат една од петнаесетте водечки прехранбени култури во светот.

Тоа е едногодишно растение кое, како компирите, своите плодови ги развива во земјата. Лесно се одгледува и толерира суша до одреден степен.

 

 Хранливи својства на кикирите

Кикиритката е исклучително хранлива култура. Еден килограм кикиритки содржи дури 2700 калории. Хранливите плодови  од кикиритки имаат 12 есенцијални и 8 дополнителни аминокиселини. Покрај тоа, таа содржи витамини од скоро секоја голема група  и минерали како што се калиум, фосфор, магнезиум, калциум, железо, бакар, калиум, натриум, цинк …

Поради високите калориски вредности, оваа култура  била важен извор на исхрана за луѓето кои биле дел  во тешки експедиции во оддалечените области и во тешки услови., како што се експедициите на  Антарктикот, и на астронаутите кога  летаат во вселената. Кикиритките  играат клучна улога во намалувањето  на неисхранетоста на луѓето во неколку африкански земји.

Употреба на кикирите

Сите делови од оваа  култура може да се искористат во комерцијални цели. Освен што плодот се користат во исхраната на луѓето, во медицината, козметиката, лушпата може да се користи за исхрана на добитокот како и ѓубриво. Плодот од кикиритките  се јаде свеж или печен или пржен. Може да се користи како додаток во јадења или пак за правење брашно, масло и путер.

 

 

Путер од кикиритки

Путер од кикиритки, се добива кога печените кикиритки  добро се иситнат . Постојат докази дека Ацтеките  и Инките  печеле крцкави кикиритки.

 

Путерот од кикирики  има широка примена во исхраната на човекот. Може да се мачка  на леб, тост, а може да се  користи  и како додаток на месо, протеински пијалоци и колачи. Постојат безброј рецепти и начини  на употреба на путер од кикирики во исхраната.

 

Трендови во исхраната :потенцијал за нови извори на заработка

Покрај тоа што се користи во исхраната и кулинарски цели, путерот од кикиритки има и други практични намени во домот. Со путер од кикиритки, можете да исчистите мебел од кожа, чевли или чанти. Не само што  ќе ги исчисти, туку и ќе им даде убав сјај. Може да биде и стапица за глувци затоа што тие едноставно го обожаваат. Со путер од кикиритки, можете да “поправите”  врата што шкрипи, да отстраните гума за џвакање или да отстраните лепило.


Брашно од кикиритки

Од иситнетиот и одмастен плод се прави брашно. Во процесот на изработка на брашно се употребуваат печени кикири кои се ситнат во вид на паста , а потоа се истиснува маслото. Ако се има предвид квалитетот и нивото на отстрането масло брашното во неговиот состав може да содржи над 50% протеини. Обезмастеното брашно има широка примена во кулинарството. Се употребува како додаток за правење на леб и други печива, колачи, плачинки, пудинзи и др.

Масло од кикири

Кикиритките може да се  користат и за правење  масло. Постојат неколку врсти на рафинирано масло од кикиритки и се користат за готвење како и за правење  маргарин. Рафинираното масло е многу ароамтично и куварите често го користат во готвењето на јадења, а производителите на храна го користат за ароматизирње.

Индустриска употреба

Кикиритките имаат различни индустриски намени. Бои, лакови, масло за премачкување, за полирање на мебел, инсектициди и нитроглицерин се прават од масло од кикири.  Од маслото од кикиритки  може да се прави и сапун, а многу козметички  производи  во својот состав имаат масло од кикири   и негови деривати.  Од кикирите  се прави ардил, висококвалитетна волна од растително потекло. Исто така лушпите може да се користат за производство  на пластика, ѕидни плочки, абразив, гориво, хартија, лепило.

Храна за стока

Зелениот дел од кикирите може да се користат за храна за стоката, во свеж или сушен облик  и како силажа.

Често во исхраната на стоката се користи и брашно од кикири бидејќи содржи протеини особено за преживарите. Досегашното искуство покажува дека во Индија  се користи во исхраната на говедата, биолите, овци и кози.  Испитувањата покажуваат дека исхраната која содржи  околу 20% брашно од кикири, позитивно влијае  врз млечноста кај кравите молзници и тие даваат повеќе млеко.

Кикиритките како ѓубриво

Како и секое мешункасто растение, кикириките се врзуваат за азот и на тој начин ја подобрува плодноста на почвата за наредната култура, пишува Агромедија.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close