
Разрешен е Трипуновски, премиерот Мицкоски му се заблагодари
Владина реконструкција
Премиерот Христијан Мицкоски го разреши па му се заблагодари и на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски и рече дека најважно е што Владата повторно станува партнер на земјоделецот. Пратеникот Борислав Крмов од Левица, говорејќи по првата точка на пленарната седница посветена на разрешувањето на министрите, праша зошто се менува министерот за земјоделство, ако работел добро.
Пратениците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ зборуваа за тоа какви резултати постигнал, како вовел ред во хаосот, колку било сега подобро во земјоделието од порано и слично. Прашањето е, ако е така, зошто сега го менуваме? Зборуваме за министер кој го донесе македонското земјоделие во колапс, којшто сега им должи околу 70 милиони евра неисплатени субвенции, 40 милиони евра субвенции скратени за 2026-та, којшто во моментот има криза за млекото, оризот, пченицата и јачменот…, рече Крмов.
Според него, Министерството за земјоделство се третира како еден вид жежок костен којшто се подава меѓу коалиционите партнери, иако тоа треба да биде еден од галвните сектори во државата бидејќи го третира производството на храна.



