fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Рекордни 430 милиони евра инвестиции во ТИРЗ, се пофалија од СДСМ

Во ТИРЗ лани се отворени 2.300 нови работни места, со плати кои се повисоки од државниот просек.

„Успешните економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. И во време на светска економска криза, 2022 е година со најуспешни резултати кои компаниите ги остварија во Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ)“, соопшти СДСМ.

„За една година во ТИРЗ се вложени над 430 милиони евра нови инвестиции. Оваа година започна со нови големи вложувања, бележиме рекордни износи на странски директни инвестиции

Во ТИРЗ лани се отворени 2.300 нови работни места, со плати кои се повисоки од државниот просек.

И за странските и за домашните инвеститори, е обезбедена стабилност за вложувањата, за нашите граѓани добро платени и сигурни работни места.

Мерките и политиките, што ги креира Владата предводена од СДСМ создаваат поволни услови за вложувања, кои ги препознаваат светски ренормирани компании и ја избираат нашата држава, како најпололна за инвестиции.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со мерките и политиките кои обезбедуваат економски раст и конкурентна економија“, се наведува во соопштението на СДСМ.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close