fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ресенчанка загина на патот Битола – Ресен

Во незгодата на лице место починала И.А. 57 години од Ресен

Жена загина на лице место во тешката сообраќајна несреќа која се случи денеска околу 14 часот на патот Битола – Ресен кај превојот Ѓавато во атарот на с.Ѓавато.

Како што информира МВР, во несреќата учествувале автомобил „сеат“ со ресенски регистарски ознаки управувано од И.А.(57) од Ресен и „мерцедес” со ресенски регистарски ознаки управуван од С. Ј.(52) од Ресен.

Во незгодата на лице место починала И.А.. Смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош.

Нејзиниот сопатник А.А.(56) од Ресен и возачот на другото возило се здобиле со лесни телесни повреди, велат од МВР.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close