Русите планираат двојно да го зголемат извозот на водка во САД

vodka

Големиот руски производител на водка „Tatspirtprom“ плнира двојно да го зголеми извозот на својот производ во САД во текот на 2018 година, пренесува агенцијата Тасс.

„Планираме двојно да го зголемиме извозот за САД оваа година… тоа го правиме врз основа на зголемената продажба во САД“, соопшти претставник од компанијата.

Минатата година „Tatspirtprom“ извезла 13.000 декалитри водка на американскиот пазар.

Нивната водка се продава во американските сојузни држави Тексас, Илиноис, Џорџија и Оклахома, а планирано е оваа година продажбата да се прошири и во Калифорнија и Флорида.


 

денар.мк