СДСМ: Инфлацијата се намали на 6,6 отсто, мерките и политиките даваат резултат
Ова е најниска стапка на инфлација во последните 20 месеци, откако стапката поттикната од војната во Украина, енергетската криза и нарушените синџири на снадбување, ја достигна највисоката вредност од 19,8 отсто во октомври лани.
„Мерките и политиките на СДСМ за намалување на трошоците на животот и опаѓање на инфлацијата даваат резултати.
Инфлацијата во септември 2023, според официјалните податоци се намали на 6,6 проценти, што се должи на мерките преземени од Владата предводена од СДСМ во изминатиот период.
Ова е најниска стапка на инфлација во последните 20 месеци, откако стапката поттикната од војната во Украина, енергетската криза и нарушените синџири на снадбување, ја достигна највисоката вредност од 19,8 отсто во октомври лани.
Инфлацијата 11 последователни месеци има тренд на опаѓање, кој ќе продолжи до крајот на годината, кога се очекува да се спушти под 5 отсто, а наредната година да се врати на стапките од 2-3 проценти, како пред кризата.
СДСМ, како одговорна партија продолжува со грижа за сите граѓани, продолжува да презема конкретни мерки и чекори што значат заштита и унапредување на животниот стандард“.
Соопштение на СДСМ