fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

СЕ ПОМАЛКУ АРГАТИ НА НИВИТЕ: Во шпицот скапо го наплаќаат трудот

На нивите во струмичко, крај кој важи за земјоделски, има сѐ помалку аргати, затоа што и површините се намалуваат, но и сопствениците на поголеми насади ангажираат арагати само кога мораат.

 

Состојбата е ваква последните неколку години. Ристо Велков, претседателот на Сојузот на синдикатот на земјоделците во Струмичкиот регион вели дека порано земјоделците ангажирале сезонци за цело лето, додека има работа, што денес не е случај.

„Сега на прсти се бројат луѓето кои имаат поголеми површини и на кои им се потребни сезонци. Работници сега им требаат на оние кои имаат оранжерии со парно. Сезонската работа почнува со берба на зелка и продолжува понатаму со други култури. Луѓето викаат сезонци, на два – три часа, или еден ден само кога не можат да постигнат сами да сработат, затоа што сметаат дека не им се исплати. Јас лично не земам аргати, туку се трудам колку можам да сработам сам“, вели Велков.

Според него, во струмичко денес нема ниту стотина сезонци во земјоделскиот сектор. Повозрасните луѓе, кои добро ја познаваат земјоделската работа обично се нафаќаат да работат на нива.Целиот текст прочитајте го на следниот линк

Извор: Фактор

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close