fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Се помалку млади земјоделци по струмичките ниви

Во Струмичко почнаа подготовките за пролетниот турнус на раноградинарско производство. Се спремаат нивите за сеидба, се подигаат пластеници. Но по струмичките ниви се помалку млади земјоделци.

Еден меѓу ретките е Сашо Гошев од струмичко Просениково кој со своето семејство обработува 10 декари. Не е регистриран земјоделец и затоа досега не добил никаква државна помош.

За Гошев, но и останатите земјоделци најголем проблем не е работата, туку пласманот и откупните цени. Смета дека со добри и загарантирани цени добар дел од младите ќе се вратат на нивите и ќе го модернизираат земјоделското производство.

Министерството за земјоделство за ова година ја зголеми поддршката за млад земјоделец до 40 години од 10 на 20 илјади евра. Јавниот повик беше на почетокот на годинава, а услов за користење на финансиската поддршка за потикнување на земјоделското производство е корисниците да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Извор:24.мк

Слични написи

Back to top button
Close