fbpx
ВестиТоп вести

Се зголемуваат насадите со малина во Пијанечкиот регион

 

Во Пијанец се поголем е бројот на овоштари кои пројавуваат интерес за подигање плантажи со малина. Една од поголемите компании кои реши да инвестира во оваа овошна култура е компанијата „Рудине” која има сопствен насад со малина од 15 декари.

За Мирко Гоцевски, дипломиран агроном во компанијата „Рудине”, подигањето на овошен насад со малини може да му донесе ммогу бенефити на едно семејство ако почне да се занимава со одгледувањето на ова овошје.

– Ние оваа година подигнавме малина на површина од 15 декари. Ова е идеја која во соработка со кооперанти планираме да ја рашириме меѓу овоштарите во пијанечко-малешевскиот регион. Луѓето во нашиот регион се уште не се доволно запознаени со оваа култура, меѓутоа сметам дека поради тоа што малината има добра цена, семејство кое има добра површина поради добрата цена на малината може добро да егзистира, вели Гоцевски.

Малината објаснува Гоцевски успева на почва на која претходно е направена добра хемиска анализа.

-Се прави анализа на почвата. За да успее малината вредноста на земјиштето не треба да биде пониска од 6,5. Не е проблем дали земјата е песоклива важно е површината да се подготви со ѓубриво, појаснува Гоцевски.

За следната година плановите на „Рудине” се во насока да се нуди сопствен расад со цел популаризација на оваа се уште малку застапена култура во Пијанец, како и едукативни предавања за начинот под кој малината може да даде добар принос за пристојна егзистенција на семејствата кои ќе решат да се занимаваат со одгледување на малина.

извор: sitel.com.mk/se-zgolemuvaat-nasadite-so-malina-vo-pijanechkiot-region

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close