fbpx
Вести

Повеќе пари за користење арско ѓубриво и ако помалку се прскаат растенијата

Секој земјоделец што сака во своето производство да користи агроеколошки мерки од годинава има можност да добие повисоки субвенции. За оваа цел годинава одвоени се повисоки средства како посебна програма, а целта е зачувување и унапредување на животната средина. Во Министерството за земјоделство веќе е подготвена и брошура за полесно приспособување на земјоделците кон новиот начин на производство кој ги спојува конвенционалното и органското производство.

povekje pari za koristenje arsko gjubrivo i ako pomalku se prskaat rastenijata

 

Со планот за субвенционирање предвидено е пари за оваa програма да можат да земат и правни и физички лица. Овој систем на одгледување е на доброволна основа. Фармерите треба да се пријавени во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство дека ќе работат по оваа програма, да посетуваат обуки неколку пати годишно и да се согласни дека на овој начин ќе работат барем пет години. За 2016 првично беше предвидено 30 отсто од сумата да оди за оваа намена. Во моментот се подготвува програмата за субвенционирање за кога се одвоени нешто повеќе од 140 милиони евра за аграрот.

Здрава храна

– Агроеколошките мерки се политика за поттикнување на одгледувањето, кое ја унапредува, а не ги загадува почвата водата и воздухот. Со спроведување на мерките земјоделецот добива надополнување на приходите за нивно спроведување, односно наводнување, ѓубрење и заштита на растенијата од болести – велат во министерството. Од таму велат дека за секоја култура тие се различни, но нивна заедничка цел е зачувување на животната средина. Така, ако земјоделците во своите посеви користат арско наместо вештачко ѓубриво или неговата употреба ја сведат на минимум, ќе добијат повисоки субвенции. Поголема сума има и за користење чиста вода за наводнување, за сите фармери кои ќе употребуваат минимално хемиски средства за борба против плевели и штетници и правилно ќе се справуваат со земјоделскиот отпад.

– Земјоделците треба да користат плодоред, односно на една нива секоја година да садат различни растенија. Треба да се грижат да ги зачуваат живеалиштата на животните кои живеат во нивата што ја одгледуваат. Треба да работат на зачувување на пасиштата, да не ги вадат камењата од почвата ако веќе ги има и слично – стои во прирачникот.

Во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој велат дека корисници на агроеколошка финансиска поддршка може да бидат сите и физички и правни лица. Исто така, пари може да добијат и трговски друштва кои се занимаваат со земјоделство како примарна дејност. Задругите се трети на листата.

– За да може земјоделецот да поднесе барање за која било мерка, мора да е евидентиран во Единствениот регистер на земјоделски стопанства. Мора да има минимум вкупна површина 0,3 хектари, сите животни треба да се евидентирани, а мора да има и агроеколошки план. За секоја активност мора да води евиденција сe` додека трае договорот кој се потпишува на пет години – стои во правилникот.

Строги правила

Земјоделците велат дека агроеколошката пракса не е ништо ново во ЕУ. Земјоделците ќе мора да се навикнат, но тоа ќе оди постепено. Овие мерки придонесуваат за контрола и на токсичните елементи, биолошки агенси, микотоксини и други контаминенти во производот. Kрајниот резултат е безбедни храна и земјоделски производи. Во земјоделските здруженија велат дека се задоволни што од в година посебно внимание ќе се посветува на добрата земјоделска пракса, но и на агроеколошките мерки.

– Често се случува без анализи да се додаваат хемиски материи во земјата, иако веќе ги има во преголема количина. Се заборави и менувањето култури на една иста нива, со што индиректно се штитат растенијата од болести и штетници – изјави неодамна Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците на Македонија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close