Агро бизнисВестиТоп вести
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Следува период на променливо облачно и потопло време.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има утре и кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.





