Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Серафимовски на работен состанок со претставници на оризопроизводителите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски одржа работен состанок со претставници на оризопроизводителите и на Земјоделскиот институт – Скопје при УКИМ, како и со градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Јорданче Костадинов.

Во фокусот на разговорот беше подготовката на методологијата за утврдување на реалните трошоци за производство на килограм оризова арпа.
На состанокот, меѓу другото, беше нагласена и потребата од поблиска соработка меѓу академската средина и оризопроизводителите, со цел научните сознанија да најдат поголема практична примена во употребата на сертифициран семенски материјал и во развојот на одржливо производство приспособено на климатските промени.

Поврзани новости

Back to top button