fbpx
ВестиТоп вести

Преспанското јаболко годинава ќе биде луксуз, ќе нема ни за граѓаните ни за индустријата

Невремето во Преспа годинава го уништи не само родот на јаболкопроизводителите, туку и надежта дека годинава за разлика од лани кога поради ниските откупни цени и немање пласман на јаболката ќе успеат нешто да заработат. Како и да е, лани ниските цени, а годинава невремето им го изеде родот на овоштарите и тие пак остана и без јаболка и без пари

Годинава поради невремето во Преспа нема да има доволно јаболко ниту за потрошувачите, ниту за индустријата. Невремето од силен ветер, дожд и град што пред дваесетина дена го зафати овој регион целосно ги уништи овошните насади и предизвика големи штети кај земјоделските култури. Во Преспа освен родот од невремето уништени се и јаболковите стебла, поради што дел од нив нема да имаат род и следната година.

Во делот на Долна преспа родот на овошните насади е 100 отсто уништен, а бидејќи се работи за долгогодишни насади прашањето е за колку години тие ќе се закрепнат и повторно ќе почнат да раѓаат. Има насади кои се многу уништени и кои в година нема да дадат род, изјави за весникот „Вечер”, претседателот на работната група на овоштарите, Менде Ивановски.

Тој објасни дека доколку на јаболковите стебла е уништена лисната маса покрај која има родни папки и наредната година нема да има род.

Родните папки се уништени и наредната сезона сигурно нема да имаме род. На сите парцели од Сливница до долно Дупени родот е 100 отсто уништен, а оној што е останат е само за индустрија, вели Ивановски.

Тој додава дека годинава нема да има доволно јаболка ниту за потрошувачите, ниту за индустријата и ќе се снаоѓаме кој како знае и умее.

Овоштарите велат дека освен на плодот, има оштетувања и на стеблата, има откорнати стебла, а некои дрвца ќе останат без род за една или две години. Годинава нема да има род, бидејќи јаболката се на земја и не можат да се користат, а и во 2020 година или нема да има род, или ќе биде минимален. Оние јаболка покрај езерото кои биле на удар нема да имаат род, а истото ќе се случи најверојатно и со оние кои се во појасот околу 500 метри од езерото. Сега се преземаат мерки со наводнување, да се спасат стеблата од исушување, а има и многу стебла кои ќе мора да се обноват.

Според некои првични информации, од невремето уништени се 420 хектари површина.

Овоштарите и претходните години имаа проблеми поради градот, мразот, а последната година и поради ниските откупни цени и немање пласман на јаболката.


 

vecer.press

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close