Силно невреме попратено со дожд и град со големина на орев го зафатил центарот на Арија и околните села, доцна синоќа.
Патем, невреме вчера ја зафати западна Србија. Град со големина на орев беше забележан во општина Сјеница, каде невремето предизвика штета на покривите на куќите и автомобилите.
Невремето сериозно ги погоди селата Багашиќ, Горња Вапа и Штав.
„Невремето беше страшно, небото се спушти на земја и тогаш започна градот. Сето тоа траеше околу 15 минути и верувајте ми дека се исплашивме. После ова не останува ништо од жетвата“, рече Жељко Враниќ од Сјеница.
Извор: прес24