Администрацијата ги кочи земјоделците да дојдат до парите од ИПАРД

ipard

Да се забрза донесувањето на деталните урбанистички планови во општините за поголема искористеност на парите од ИПАРД програмата. Апликантите не можат да извадат дозвола за градба и да ги легализираат фармите. Ова е еден од клучните проблеми поради кои слабо се кориостат парите од европските фондови. Земјоделците  имаат проблем  и со недоволниот пристап до почетен капитал а се жалат и на долгиот период од поднесување на апликацијата до одговор дали ќе го добијат грантот.

На првиот повик за ИПАРД 2 доставени се рекорден број на апликации. Земјоделците побарале вкупно 73 милиони евра помош. Од Платежната агенција очекуваат поголемо искористување во иднина.

Фармерите се жалат и на обемна документација за аплицирање. Побарале дел  да обезбеди Платежната агенција по службена должност.


 

сител