fbpx
Двор и градина

СКЛАДИРАЊЕ (ЧУВАЊЕ) НА КОМПИРИ

skladiranje chuvanje na kompiri

По бербата компиритe треба извесен период 6-7 месеци да се чуваaт за што треба да се обезбедат соодветни услови. Треба да се чуваaт во простории кои се суви, чисти и дезинфецирани. Потребна е оптимална температура и соодветна релативна влажност на воздухот. При несоодветни услови може да дојде до предвремено прортување на клубените , загуби во тежината, оштетување на клубените од гниење и слично. Компиритe при чување треба да бидaт здрави, суви, неоштетени. Чувањето на компирите може да биде во трапови, подруми или постојани складишта.

ТРАПОВИ Траповите може да бидат: вкопани, полувкопани, надземни и ѕидани. За наши услови најпогодни се надземните и ѕиданиe. Кај ѕиданите вентилацијата се обавува со помош на канали за одвод и довод на воздух, а кај останатите со помош на вентилатори (отвори). Услови за чување: Траповите треба да се поставени на суво и отцедно место. Плодовите кои се чуваат треба да се зрели, чисти, здрави и неоштетени. На дното се поставува решеткаст вентилационен канал со триаголен пресек, а на секои 1-2 или до 3 м се поставува вертикален вентилатор (отвор). Вентилаторите може да бидат од различен материјал. Начин на сместување и чување: Компирите се редат и сложуваат во вид на заоблена призма широка 1-2 м, должина по потреба. Се сложуваат во висина до 1,5м. Над вака сложените плодови се поставува слој слама во дебелина од 20-30 см а потоа слој земја со дебелина 15 см. Повторно се реди слој слама од 10 см, па слој земја од 15 см. Во текот на чувањето со термометар се контролира температурата во трапот. ВИЗБИ Визбите може да бидат во состав на некој објект кој е за друга намена или да бидат посебно изградени за таа цел. Услови за чување: Да има изедначена температура во текот на целата година , да се суви и со обезбедена вентилација (преку прозорци или на некој друг начин). Начин на сместување и чување: Зрели, здрави, чисти, суви и избрани компири се чуваат на полици, во сандаци или прегради, а можат да бидат прекриени со песок или слама. Температурата да се одржува на 3-8 О С. Контролата во текот на чувањето да биде постојана. ПОСТОЈАНИ СКЛАДИШТА Постојаните складишта можат да бидат полувкопани или надземни. Тие се најпогодни за чување и се градат за поголеми количини на компири. Овие складишта можат да имаат и одделение за прием, избирање и издавање производи, како и други помошни простории.

Услови за чување: Вентилацијата се обезбедува со помош на одводни и доводни канали. Температурата треба да биде од 2-8 О С. За регулирање на влажноста одредени делови од подот се од набиена земја преку која се поставува подвижен решеткаст под. Начин на сместување и чување: Компирите се чуваат во специјални сандаци познати како бокс палети ( сандак од 1м3 компири тежи 600 кг) кои се редат едни врз други. Помеѓу куповите од сандаци се остава 10 см простор заради циркулација на воздухот, а помеѓу нив по должина се остава доволно простор за поминување. Средниот премин треба да биде до 3м. Помеѓу секои 3 реда сандаци по висина се поставуваат подметнувачи за подобра циркулација на воздухот. Постојано треба да се контролира температурата. Aко се забележи температурата на надворешниот воздух да е пониска од температурата на воздухот во складиштето, се отвараат доводните канали. Кога температурата на надворешниот воздух е повисока отворот за вентилација се затвора. При сите начини на чување да се внимава влажноста на воздухот во складиштето која треба да биде околу 90%, затоа што превисоката или прениската влажност е штетнa. Светлината е потребна само при чување на семенски компир, во друг случај таа е штетна. Ако при чувањетo се внесaт влажни и оштетени компири тогаш првите две недели температурата во современиот магацина треба да биде 15о С со цел да испари вишокот на влага од клубените и полесно да се создаде калус=скрама=плутесто ткиво на оштетените и исечени делови од компирот. Оптималните температури за чување на компирите се: за меркантилен 4-7 о С, семенски 3-4 о С, индустриски 7-12 о С, помфрит 5-8 о С и за чипс 7-12 о С За спречување масовно ртење на компирите постојат хемиски средства наречени инхибитори кои го спречуваат ртењето и размножувањето на клетките. Како прашак се среќаваат туберит и туберофен, а како течност пертубир и луксан. Прашаците се користат 100-120гр на 100кг компир, а течностите се употребуваат со замаглување во количина 1 лит на 50 т компири. Компиритe третирани со овие препарати може да се користaт за исхрана по 42 дена од дeнот на третирање и по две недели од проветрување во магацинот каде е вршено третирање.

Тагови

Слични написи

728 Comments

  1. Kompatybilność mobilnego oprogramowania śledzącego jest bardzo dobra i jest kompatybilna z prawie wszystkimi urządzeniami z Androidem i iOS. Po zainstalowaniu oprogramowania śledzącego w telefonie docelowym można przeglądać historię połączeń, wiadomości z rozmów, zdjęcia, filmy, śledzić lokalizację GPS urządzenia, włączać mikrofon telefonu i rejestrować lokalizację w pobliżu.

  2. Вы можете изменить свою жизнь.
    ОПСУИМОЛОГ покажет вам, как это сделать.

    Опсуимолог усвоил все, чему учит, на собственном горьком опыте: сначала испортив собственную жизнь и по необходимости открыв инструменты и исследования, которые изменили жизнь и привели его туда, где он есть сегодня.

    Миссия Опсуимолога проста: поделиться проверенными инструментами, которые помогут вам создать лучшую жизнь. Загляните на сайт опсуимолога, и вы будете смеяться вместе, учиться и шаг за шагом создавать свою новую жизнь — свою лучшую жизнь.

    Простые советы опсуимолога, подкрепленные исследованиями, изменили жизни множества людей, и теперь он раскрывает вам все свои трудные секреты, веселые неудачи и интересные истории, чтобы вы могли изменить свою.

  3. Вы можете изменить свою жизнь.
    ОПСУИМОЛОГ покажет вам, как это сделать.

    Опсуимолог усвоил все, чему учит, на собственном горьком опыте: сначала испортив собственную жизнь и по необходимости открыв инструменты и исследования, которые изменили жизнь и привели его туда, где он есть сегодня.

    Миссия Опсуимолога проста: поделиться проверенными инструментами, которые помогут вам создать лучшую жизнь. Загляните на сайт опсуимолога, и вы будете смеяться вместе, учиться и шаг за шагом создавать свою новую жизнь — свою лучшую жизнь.

    Простые советы опсуимолога, подкрепленные исследованиями, изменили жизни множества людей, и теперь он раскрывает вам все свои трудные секреты, веселые неудачи и интересные истории, чтобы вы могли изменить свою.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close