Слаб интерес за осигурување на земјоделските посеви

(Oвој напис е објавен на: March 30, 2018)

tr

Земјоделците сѐ уште ретко ги осигуруваат своите имоти. Осигурителните компании, според фармерите, нудат скапи полиси кои целосно не ги покриваа ризиците во производството. Сите се согласуваат дека моделот треба да се менува…

Земјоделците тешко се решаваат да ги осигуруваат насадите и нивите. Се размислува за нов модел на осигурување во земјоделството, зашто бројот на склучените полиси, и покрај владините субвенции од 60 проценти, континуирано и значително се намалува.

Осигурувањето е клучно, особено поради климатскитепромени, кои се се поизразени. Оваа мерката лани била искористена во износ од 71 милион денари. Годинава иако истите пари се обезбедени, нивната искористеност се намалува.

Ставот на Владата е дека треба да се најде начин како земјоделците повеќе да ги осигураат своите посеви, а ќе се користат и искуствата на Шпанија и на Турција.

Според директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување, бројот на осигурителни полиси во земјоделството е намален за околу 60 проценти. Во 2015-та година, бројката на полисите била 5.000, а лани се продадени само 2.000.

Во просек, за осигурување во земјоделството од елементарни непогоди годишно, се исплаќаа по 300 милиони денари.


 

мрт