Словенија врати увозни краставици поради фунгицид
Дозволеното количество на овој фунгицид е 0,01 милиграми на килограм, а овој контингент стока содржел 0,025.
Фунгицидот металаксил е пронајден во краставици од Србија извезени во Словенија, потврдија од Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна (РАСФФ)
Како што информираат од РАСФФ, во тој зеленчук бил пронајден фунгицидот металаксил при контрола на границата, а наредено е да се уништат краставиците. Сепак, како што е наведено на веб-страницата, за разлика од супстанците кои претходно биле пронајдени во храната со потекло од Србија, металаксилот не е означен како опасен, објави Нова рс.
Но, кај краставиците е пронајдена поголема количина од дозволената. Имено, дозволеното количество на овој фунгицид е 0,01 милиграми на килограм, а овој контингент стока содржел 0,025. Потсетуваме, пред точно еден месец беа вратени праски од границата со Хрватска, сценарио кое само годинава се случи три пати. Долг е списокот на српски производи кои не беа дозволени во ЕУ, сите мора да се уништат, а меѓу нив има ликер од билки, јаболка, кикирики, чипс и сливи. Вратени се и сламки од хартија.