вестиВидео/интервјуа

Со добра пресметка на трошоците, носиме подобри одлуки во земјоделието“ –едукативна работилница на „Зелена берза“

(Oвој напис е објавен на: јуни 1, 2018)

prof

„Земјоделското производство мора да се одвива плански, зошто кога имаме бројки носиме подобри одлуки. Ако имаме податоци подобро може да се согледа како сме работеле во минатото и подобро да планираме како ќе работиме во иднина“, ова им го порача на земјоделците професорката д-р Александра Мартиновска- Стојческа од факултетот за Земјоделски науки и храна-Скопје, на обуката „Колку чини моето производство?“, што денеска се одржа во објектот на битолската компанија „Синпекс“- Битола.

Мартиновска- Стојческа е професор на предметите „Трошоци и калкулации“, „Анализа на работење“, „Сметководство на фарма“ и „Таксации во земјоделството“.

horizonti

На обуката насловена „Колку чини моето производство?“,присуствуваа земјоделци од пелагонскиот регион, кои имаа можност заедно со професорката Мартиновска- Стојческа и практично да ги пресметаат своите трошоци на производство.

-Посебен акцент ставивме на делот каде фармерите за да пресметаат колку чини нивното производство мора да водат сметководствена евиденција на фарма. Односно, дека мора уредно да ги бележат приходите и трошоците за да можат прецизно да пресметаат колку чини нивното производство. Денеска зборувавме дека за фармерот е најлесно да ја пресмета цената на чинење на ниво на варијабилни трошоци, кои се менуваат со обемот на производство. Така што како типични трошоци во растителното производство се: трошоците за семенски материјал, за ѓубрива, заштита на растенијата, работната сила , механизацијата. Во сточарското производство се трошоците за добиточна храна и за ветеринарни услуги, потенцираше професорката Мартиновска- Стојческа на обуката.

Според неа, фармерите практикуваат да ги пресметуваат своите трошоци , но тоа не е синтетизирано , не е прегледно, по што упати апел до земјоделците да ги забележуваат податоци на начин на којшто подоцна ќе можат да ги обработат и да добијат попрецизни информации за нивните трошоци.

Мартиновска- Стојческа смета дека многу е тешко да се потенцира која земјоделска култура ќе му донесе поголеми приходи , а помали трошоци на еден земјоделец.

-Споменавме на работилницата дека секој фармер располага со ограничени ресурси ; земјиштето што го има, работната сила , капиталот. Како тој ќе ги искомбинира и менаџира и која производна структура и линии на производство ќе воведе на фармата ќе зависи само од него, напомена професорката.

zivko

Живко Анацковски , земјоделец од селото Добрушево, Општина Могила, регистриран земјоделец, член на здружението „Зелена берза“, на денешната обука до детали бараше совети од професорката Мартиновска –Стојческа како да си ги пресмета трошоците и добивката при обработката на земјата.

Анацковски е производител на житарици, пипер и тутун на сопствени површини од околу 8 хектари. Како ретко кој земјоделец , тој вели дека редовно ги посетува обуките за унапредување на земјоделието. Она што после обуката го констатира е дека за него е најисплатливо производството на тутунот, потоа пиперката и доматот.

-Сум учествувал на голем број на обуки , дури и на ИПАРД обуките. Тука сме да научиме нешто повеќе , зошто и јас дома правам пресметки, водам евиденција околу приходите и расходите и во голем дел се совпаднаа со она што денеска го проследив на оваа обука, вели Анацковски.

Според него нема земјоделец што пред да започне со работа не направил пресметка дали трудот ќе му се исплати, иако има фактори како временките услови кои можат да ги поматат пресметките.

-Секоја површина ја планираме кога и со што ќе ја засадиме, како и тоа какви подготовки ќе направиме за следната година. Правиме плодоред и ги знаеме некои работи однапред. Нема земјоделец , особено младите што не прават пресметки и ако им се исплати ќе садат, ако не нема да почнат со работа . Ама на секој земјоделец сепак му е потребна едукација, особено ваква која нуди совети, вели овој искусен земјоделец.

Анацковски тврди дека земјоделците се повеќе ги прифаќаат современите трендови на земјоделско производство и во поглед на нови сорти, нови ѓубрива , нова современа механизација.

vesna

Обуката ја следеше и Весна Лозановска, кредитен референт од Микрокредитна фондација „Хоризонти“, која нуди агрокредити.

-Дојдов на обуката со цел да научам нешто повеќе за финансиската анализа, да бидеме поблиску до земјоделските производители, да видиме како стојат нивните приходи и расходи. Ние како микрокредитна фондација се занимаваме со ваквите финансиски анализи, и денеска лично од земјоделците слушнав кои приходи и кои расходи ги имаат при производството на земјоделските производи . Од професорката слушнавме како подетално треба да се анализираат приходите и расходите во земјоделството, рече Лозановска.

Земјоделеците по оваа обуката порачаа дека следно што им е потребно како едукација е обука за заштитата на растенијата, кога да се изврши прскање, какви ѓубрива да користат, како битен момент во добивањето на поголеми приходи.

„Зелена берза“

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close