Со измените на Законот каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот
Со измените на Законот за облигациони односи, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот Jован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата
По предлог од пратениците од парламентарното мнозинство на дневен ред на денешната седница се и дополнувањата на Законот за облигационите односи.
Со предвидените дополнувања, се додава нов член кој гласи: Кога износот на стасаната, а неисплатена договорна камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече.
Ова во пракса значи дека нема повеќе да има ситуации каде некој граѓанин за долг од на пример 500 денари да плаќа 5.000, 8.000 па и 10.000 денари по основ на камати.
Со предложените измени предлагаме каматата да не смее да биде повисока од долгот.
Примената на Законот е предвидена од октомври, 2021 година, а со него се решава една долгогодишна неправда кон бројни категории граѓани, се решава еден голем и тежок проблем на учесниците во правниот промет.
Затоа, од особена важност е сите пратеници да се стават над дневнопартиските интереси, да се откажат од блокади и опструкции и да дадат поддршка на овие законски дополнувања.
Со овој закон не губи никој, а добиваат многумина.
Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата