Квалитетната суровина е предуслов за добивање на квалитетен и пред се’ безбеден производ за потрошувачите. Согласно законските норми во државата сите производители на храна се должни во промет да пуштаат само храна која ги задоволува пропишаните барања за квалитет. Тргнувајќи од овие начела Млекара „Мики“ од Прилеп редовно извршува анализи како на суровините така и на готовите производи. Како што информира за Зелена берза, Александра Дамјановска, технолог во производство, анализата им ја имаат доверено на вработените од лабораторијата Проанализ од Струмица.
Зголемениот обем на работа и широката палета на производи што излегуваат од таму ја налага потребата од правење на редовни контроли на суровините со цел на потрошувачите да им бидат дистрибуирани здрави и безбедни производи.
Млеко, јогурт, павлака, кисело млеко, изварка, путер, бели сирења, биено сирење, кашкавал се производите чиј квалитет потрошувачите знаат да го препознаат, а од млекара Мики пак им гарантираат квалитет.
Анализа на соматски клетки и вкупен број бактерии се праватредовно според правионикот за микробиолошки критериуми за сурово млеко. Според годишниот план за работа покрај соматските клетки, се вршат анализи за бактеријата листерија моноцитогенес. Редовно се испраќаат мостри со брисеви од работни површини и предмети што се користат во процесот на производство. Покрај анализи на суровината редовно се прават и анализи од готов производ за безбедност и хигиена на процес на производство. Исто така се прават и физичко – хемиски, органолептички и микробиолошки анализи за безбедност на вода.
Млекарницата дневно преработува по 15 000 л сурово млеко дневно што го собира од своите комитенти, а кои ги има над 150 на број. Зголемувањето на обемот на работа автоматски ја наложи потребата од најразлични анализи што ќе ги прават стручни лица. Не случајно во месец август ја започнаа соработката со Проанализ Струмица. Достапни, флексибилни со навремени резултати и совети, и секако пристапни цени, се карактеристиките што ги посочуваат од Млекара „Мики“ што беше пресудно за отпочнување на соработка со Проанализ.
Резултатот е секако безбеден, квалитетен и здрав производ.
Павлина Јовановска