fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Со откупот на пролетната зелка и младиот компир владее беззаконие, смета Национална земјоделска мрежа

Ќе поведеме инцијатива со наши предлози под итно да се промени законската легислатива и еднаш засекогаш да се стави ред во земјоделието.

Почитувани земјоделци

Како Национална земјоделска мрежа со големо внимание ги следиме случувањата во македонскиот аграр Во ова прилика сакаме да укажеме на случувањата околу откупот на раноградинарските производи со акцент на пролетната зелка и младиот компир каде владее целосно беззаконие и безмилосно се ограбуват земјоделците од страна на мала група трговци. Со самото тоа се доуништува и она мало земјоделско производство.

Ние како Национална земјоделска мрежа решително и недвосмислено стоиме зад индивидуалните земјоделци и веднаш штом ќе се конституира новиот парламент и новата влада ќе поведеме инцијатива со наши предлози под итно да се промени законската легислатива и еднаш засекогаш да се стави ред во земјоделието. Со тоа да се обезбеди сигурност континуитет и профитабилност во земјоделското производство на задоволство на земјоделците, но и на граѓаните како директни консументи на земјоделските производи. Ова лудило мора еднаш за секогаш да запре и ние сме одлучни да одиме до крај и да се избориме за реално вреднување на земјоделскиот макотрпен труд.  Со почит

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close