fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Со вонредни мерки ЕУ ќе го помага земјоделието погодено од kорона кризата

ЕУ ги одобри вонредните мерки за поддршка на земјоделскиот сектор, силно погоден од кризата со Ковид-19. Земјоделците ќе можат да добијат до седум илјади евра помош, јави дописничката на од Брисел.

Помошта е наменета за најтешко погодените земјоделци и земјоделски мали и средни претпријатија.

За фирмите е предвидена поддршка до 50 илјади евра, освен за оние активни во риболовниот сектор. Парите доаѓаат од веќе постоечки фондови за рурален развој.

-Кризата со Ковид-19 е голем тест за солидарноста на ЕУ. Усвојувањето на овој акт денес ќе им помогне на многу земјоделци и мали компании да продолжат да работат, изјави хрватската министерка за земјоделство, Марија Вучковиќ.

Критериумите за селекција се однесуваат, меѓу другото, на земјоделскиот сектор, структурата на фармите и начинот на одгледување, маркетингот и бројот на сезонски работници.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close