Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Сојуз на тутунопроизводители домаќин на меѓународниот трилатерален форум за тутун
Сојуз на тутунопроизводители ,,Мака на тутуноберачите-Прилеп“, како членка на Унитаб (Европската асоцијација на одгледувачи на тутун) беше домаќин на меѓународниот трилатерален форум за тутун на кој учество имаа националните асоцијации на тутунопроизводители од Бугарија, Грција и Македонија
Сојуз на тутунопроизводители ,,Мака на тутуноберачите-Прилеп“, како членка на Унитаб (Европската асоцијација на одгледувачи на тутун) беше домаќин на меѓународниот трилатерален форум за тутун на кој учество имаа националните асоцијации на тутунопроизводители од Бугарија, Грција и Македонија
На 17 и 18 август 2026 година, во Република Македонија се одржа меѓународен трилатерален форум за тутун под покровителство на Европската асоцијација на одгледувачи на тутун (UNITAB Europe).
На форумот учествуваа националните асоцијации на тутунопроизводители од Бугарија (NAT-2010), Грција и Македонија – претставени од нивните претседатели Цветан Филев-Бугарија, Синан Амет-Грција и Киро Ристевски – Македонија како и генералниот секретар на UNITAB, Премислав Новорита (Полска).
За време на дводневниот настан во Охрид и Прилеп, главните теми за кои се дискутираше беа:
● Цени на откупен тутун,пазари и нови пазарни механизми за продажба на суров тутун
● Нови добри земјоделски практики во одгледувањето тутун и производството на суров тутун
● Нови предизвици со кои се соочува секторот за тутун; регулаторна рамка на ЕУ – предлози за ревизија на Директивата за тутунски производи (TPD) и Директивата за акцизи на тутун (TED)
● Рамковна конвенција на СЗО за контрола на тутунот (FCTC) и претстојната 12-та Конференција на страните (COP12) во 2027 година во Ереван, Ерменија.
•Подготовки за заеднички настап на претстојниот саем за тутун-Интертабак во Дортмунд Германија
•Добивање на полноправно членство на Сојуз на тутунопроизводители,,Мака на тутуноберачите-Прилеп во ITGA(Светска асоцијација на тутунопроизводители)
•Подготовки за одржување на Форум на ситнолистен тутун во Октомври со присуство на делегати од Македонија,Бугарија,Грција и Турција под покровителство на ITGA а во соработка со UNITAB
На трилатералната средба најголемо внимание предизвика точката за ,,Цени на откупен тутун,пазари и нови пазарни механизми за продажба на суров тутун ,,особено поради разликите на откупните цени во државите и помошта која ја добиваат тутунопроизводителите од нивните држави ,бидејќи по брифирање на националните претставници цената на ориенталниот тутун се движи од 5,8€ во Бугарија до 6,8€ во Грција а притоа немаат дирекна поддршка за произведениот тутун а делегацијата од Македонија ги информира учесниците на средбата дека во Македонија просечна откупна цена за реколта 2025 е постигната од 6,8€ и притоа Македонските тутунопроизводители добиваат помош од владата и тоа: околу 1.3€ за предаден килограм тутун,околу 100€ за пријавен и засаден хектар со тутун и околу 180€ за зелена нафта што наиде на голем интерес и голем број на прашања кај претставниците на Бугарија и Грција.
Во однос на другите теми,учесниците изразија јасен став дека треба заеднички да се искористат сите механизми кои ги имаат асоцијациите на располагање а се со цел за опстанок на тутунопроизводството како гранка која обезбедува егзистенција на огромен број на семејства особено во руралните и недоволно развиените средини.
Исто така за време на посетата на Институтот за тутун во Прилеп, учесниците на форумот – заедно со директорката, г-ѓа Валентина Пеливановска, и експертите од истражувачката единица – одржаа тркалезна маса на теми поврзани со иднината на производството на тутун на Балканот и во Европа.







