вести

Солената почва проблем за земјоделците во Струмичко

Големите количества влага и подигнувањето на подземните води како последица од минатогодишните поплави го зголемија процентот на соленост на почвите во Струмичко. Најпогодени се земјоделците од населените места Моноспитово, Муртино и Еднокуќево, чии поплавени атари им создаваат проблеми со годинашната сеидба. Солите го десеткуваат развојот на растението, а со тоа и приносите. Земјоделци велат дека биле принудени да уништат дел од своето производство, а некои од површините останале незасадени.

solenata pochva pretstavuva problem za zemjodelcite vo strumichko

 

– Ова е голем проблем. Дојдоа разни води. Со хемикалии и прашоци. Донесоа се. Земјата мирисаше на тиња. Настана голема деформација на земјиштето и нивата ни е расипана. Моравме од почеток да направиме се. Да изораме, да ставивме арско ѓубре и уште едно друго. Сето тоа влијае врз производството, вели Благој Горичев, земјоделец од Моноспитово.

Во случај на голем процент на соли во почвата, коренот на растенијата не може да ги прима потребните хранливи материи и поради тоа доаѓа до угинување на растенијата.

Професорот од Земјоделскиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Душан Спасов, вели дека причините за зголемување на процентот на соли во почвите се повеќе, но пред се се поврзани со четирите елементи магнезиум, калиум, калциум и натриум.

– Покачувањето на подземните води е една од главните причини за оваа појава. Исто така и наводнувањето со солени води може да е уште една причина. Затоа мора да се испита нивната соленост пред да се наводнува. Исто така и преголемата употреба на вештачки ѓубрива ја зголемува соленоста на почвата, без разлика дали се гранулати или, пак, во кристали кај системот капка по капка, објаснува Спасов.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close