fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сончево и потопло време со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, додека максималната од 19 до 26 степени.

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, додека максималната од 19 до 26 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во наредните денови се очекува зголемување на облачноста. В петок попладне времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а услови за локален дожд ќе има и в сабота.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close