fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонија

Сончево и топло, можен краткотраен дожд на планините

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степени.До петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. За време на викендот се очекува на места да биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури од недела ќе бидат во опаѓање.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close