fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Соопштение од ПЕ на МЗШВ Битола за земјоделците од општините Битола, Новаци и Могила

Отворени дисперзираните канцеларии во општините Новаци и Могила

Ве известуваме дека денес,  е отворен системот за поднесувања на барања за финансиска помош во земјоделството.
Поднесувањата се електронски на страната на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој.
Како и минатите години и оваа година се отворени дисперзираните канцеларии во општините Новаци и Могила. Во овие канцеларии ќе работат стручни лица кои се вработени во МЗШВ ПЕ Битола.
Важно е да се напомене дека во овие дисперзирани канцеларии ќе можат да пријавуват само земјоделци кои по лична карта се со адреса на живеење во овие општини. Сите оние кои се со место на живеење во Битола ќе се обратат во ПЕ Битола.
Со оглед на ситуацијата со covid-19, ве замолуваме сите кои сте во можност пријавувањето да го направите од вашите домови, а доколку ви треба помош при апликацијата обратете се во ПЕ Битола на телефон 047/237-419.
Сите оние кои ќе аплицираат од дома електронските барања во печатена форма мора да ги испратат на адреса на Платежна агенција .
Пријавувањето на субвенции трае до 31 мај 2021 година.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close