fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Стигна петтата транша во износ од 22,8 милиони евра за мали и средни компании од заемот на ЕИБ

Со оваа транша се обезбедува поддршка на 43 проекти на домашни мали и средни компании кои ќе вработат нови 103 лица. Од нив 53,1 проценти се компании од областа на производството.

Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) ја повлече петтата транша во износ од 22,8 милиони евра за мали и средни компании од заемот на Европската инвестициска банка. Со оваа транша се обезбедува поддршка на 43 проекти на домашни мали и средни компании кои ќе вработат нови 103 лица. Од нив 53,1 проценти се компании од областа на производството.

Како што соопштија од Развојната банка, ова воедно е и последната транша од ЕИБ од шестата кредитната линија наменати за мали и средни компании во износ од 100 милиони евра. Со оваа кредитна линија се даде поддршка на 271 компании кои вработуваат нови 770 лица. Најголема поддршка е дадена за компании кои се занимаваат со производство 39 отсто, потоа трговија 36 отсто, транспорт 8 проценти, градежништво 7 проценти и друго.

Досега, преку ЕИБ се повлечени шест кредитни линии и инвестирани се 550 милиони евра за поддршка на 2.361 мали и средни компании во државата.

Развојната банка заедно со Министерството за финансии е во фаза на преговори со ЕИБ за обезбедување на нова кредитна линија за поддршка на малите и средни компании и за зелена транзиција во износ од 100 милиони евра, стои во соопштението.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close