Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Состојбата со африканската свинска чума е стабилизирана и нема појава на нов случај
Состанок во МЗШВ- Сега е најважно да ја одржиме стабилната состојба и да не дозволиме болеста да се прошири во комерцијалните фарми.
Во просториите на МЗШВ денеска се одржа првиот состанок на Координативното тело за мониторинг и спречување на ширењето на болеста Африканска свинска чума, кој се одржа во широк состав.
Беше констатирано дека состојбата во моментов е стабилизирана и нема појава на нов случај. Сите жаришта се затворени, а во три жаришта во радиус од 3 километри, завршена е постапката за депопулација на свињи.
Сега е најважно да ја одржиме стабилната состојба и да не дозволиме болеста да се прошири во комерцијалните фарми. За таа цел беше издадено решение за почеток на ловна сезона со цел да се изврши интензивен отстрел на дивите свињи кои ја шират заразата и се сериозна закана за комерцијалното свињарско производство.
Сите институции постапуваат согласно заклучоците и се на ниво на задачата, во секојдневна координација со цел состојбата да остане стабилна и понатаму.