вестиТоп вести

Совети за почетници: Бизнис, игра и забава – малите јариња – голем предизвик

Одгледувањето на кози може да биде интересен и забавен бизнис. Дури ако имате и јаре, ниту еден ден нема да Ви биде ист. Меѓутоа, пред да земете кози или јариња, важно е да бидете добро информирани, односно да го проучите нивното однесување, за да знаете како да ги препознаете различните ситуации и да реагирате правилно. Тоа може да Ве спаси од многу стресни ситуации.

Доколку првпат купувате коза или првпат очекувате да добиете јаре од козата, издвојуваме неколку работи кои треба да ги знаете за нив:

Исхрана на јаре „со шише“

Малото јаре учи од својата мајка, како и од другите возрасни единки од стадото и од старите стада. Јарињата кои се хранат „на шише“ и кои не се одгледуваат во стадо, немa да научат еднакво брзо да јадат жито, сено, како другите јариња кои се одгледуваат во стадо (дури и ако повеќе јариња заедно се хранат со шише). Исто така, нема брзо да научат да пијат вода.

Поради тоа што немаат постари кози на тоа да ги научат, туку добиваат храна со шише кога се гладни, секако дека ќе имате проблем да ги натерате да пробаат да јадат нешто ново. Јарињата кои се хранат со шише, нема да почнат сами да истражуваат нова храна, ако не им ја намалите содржината во шишето и не им понудите нешто ново за јадење. Бидете трпеливи, затоа што нема да сакаат веднаш да пробаат нешто ново. Немојте да давате вода со шише, затоа што тоа може да биде контрапродуктивно. Ако стомакот им се наполни со вода од шише, нема да имаат причина да се обидат да грицкаат нова храна или да пијат вода од корито (канта).

Сите јариња, дури и оние кои се хранат од шише, треба да бидат пуштени да живеат со стадото од првиот ден. Исто така, иако може да ви изгледа преслатко и малите деца да плачат за да го земат за домашно милениче, немојте тоа да им го дозволите. Единствено се издвојуваат јарињата кои се преслаби и на кои им е потребна посебна грижа.

Доколку козата го одбие јарето и морате да го храните на шише, тоа сепак треба да остане покрај својата мајка. Доколку јарето е сирак, ставете го помеѓу јариња на негова возраст. Јарињата кои се хранат на шише, ќе се поврзат со нив и ќе растат покрај нив. Ќе научат да ги избегнуваат големите кози, но од нив учат како да се однесуваат во стадото.

Изметот кај јарето

Посветете внимание на изметот на јарето. Првите неколкупати, изметот ќе има изглед на црн катран. Како што ќе почнат да цицаат јарињата, изметот станува жолт и понекогаш прилично леплив. Мајката може, но и немора да го чисти своето малечко. Но, вие морате да се уверите дека задникот на јарето е чист, посебно поради тоа што изметот може да се исуши и да го затне, така што да не може повеќе да извршува голема нужда. Изметот ќе остане жолт, додека јарето не почне да јаде цврста храна. Кога ќе почне да јаде цврста храна, изметот ќе стане кафеав.

Криење и исчезнување

Јарињата се вистински експерти за да се изгубат. Тие инстинктивно се вовлекуваат во мали, скриени дупки и таму лежат со часови многу тивко. Тоа е природно.

Сигурно ќе помислите, како ниту една мајка, па дури ни козата, нема да дозволи да го изгуби своето младенче и дека сигурно ќе го пронајде. Искусните одгледувачи, предупредуваат дека тоа не е секогаш случај.

Ако испашата е голема, мајката лута, паси и незнае каде се крие јарето. Дури и ако козите ви се блиску, јарето може да се скрие зад некој висок жбун или голем предмет или мал објект.

На луѓето им се случувало, по неколкупати да го пребаруваат својот имот во потрага по јарето и да неможат да откријат каде се скрило. Затоа се препорачува на јарињата да им ставите огрлици со светли бои, како би можеле лесно да ги најдете.

Исто така, кога го барате, имајте на ум, дека тоа може да се вовлече во многу мали места (колку е помало, толку е полесно за него).

Џвакање

Јарињата, покрај возрасните кози, го истражуваат својот свет со уста. Едноставно, мораат да ја користат својата уста, затоа што немаат раце. Затоа ќе џвакаат се живо, како би „истражувале“ и научиле.

Качување

Качувањето е забавно и игра за козите. Мајката коза ќе го пушти своето јаре да скока и да се качува по неа. Ниту една друга коза, тоа нема да му го дозволи на друго јаре. Тоа значи дека, јарето се качува само на „семејството“, така што и ако му дозволите да се качува и на вас, ќе ве смета за член на семејството (што е добро). За козите и јарињата, качувањето е супер забава и нивни начин на игра.

Така, нив можете да ги најдете на дрвата, помеѓу многу трупци кои сте ги подготвиле за зимата, на паднати дрвја, на масата во градината. Доколку автомобилот е во дворот, заедно со козите, погодете што ќе се случи.

Кивање

Дали знаете дека козите го користат звукот на кивање како аларм? Тие преку мирисот се предупредуваат на опасности. Младите кози, киваат како дел од својата игра. Набљудувајте ги своите кози и сигурно ќе забележите звук на кивање.

Туркање и удирање со глава

Туркање или удирање со глава кај младите кози е игра, исто како што кучињата играат и симулираат напад, исто така и на јарињата, туркањето и удирањето со глава е дел од праксата како да станат возрасни единки. Ако им турнете со глава, тоа ќе ви возврати. Но, никогаш немојте на машко јаре да му го туркате челото, затоа што кога ќе порасне ќе сака да продолжи да си игра со Вас на истиот начин, а тогаш можете многу сериозно да бидете повредени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close