fbpx
Вести

Според податоците од Продуктната берза во Нови Сад: Цената на пченицата изнесувала 18,5 динари, а со пченката не се тргувало

Поради актуелните случувања на пазарите во светот, пченицата и понатаму е во фокусот на тргувањето, а нејзината цена, сеуште е висока.

Вкупниот промет на Продуктната берза за оваа недела изнесувал 1175 тони стоки (-28,57%), со финансиска вредност од 29 812 750,00 динари (-4,76%). Поради актуелните случувања на светските пазари, пченицата и понатаму е во фокусот на тргувањето. Така, на домашниот пазар во Нови Сад, продолжува да бележи нагорен тренд.

Лебното зрно, се тргуваше од 18,50 до 18,80 дин/кг без ДДВ, со назнака за „гратис период“ до крајот на август. Пондерираната цена, оваа недела изнесуваше 18,50 дин/кг без ДДВ (20,35 дин/кг со ДДВ, што претставува пораст на цената за 2,87% во однос на претходната седмица.

Цената на пченката изнесувала над 16,00 дин/кг без ДДВ, но со неа не се тргувало.

Кај зрното соја, после повеќе од два месеци континуиран пад, оваа седмица, забележан е позитивен ценовен тренд во вредност помеѓу 36,50 до 37,00 дин/кг без ДДВ. Пондерираната цена изнесувала 36,96 дин/кг без ДДВ (40,65 дин/кг со ДДВ), што претставува пораст од 1,26% во одност на споредбениот податок од минатата седмица.

Ржта се тргувала за цена од 15,40 дин/кг без ДДВ (16,94 дин/кг со ДДВ).

Во Чикаго, во однос на податоците од претходната седмица, цените на пченицата се зголемија за 0,71%, а цените на пченката за 0,71%. Цените на сојата се зголемиле за 0,59%, а на соината сачма за 0,36%. Во Будимпешта цената на пченката се зголемила за 0,03%. Во Париз, цената на пченицата се намалила за 0,82%, а на пченката за 2,68%.

Преглед на понудени и постигнати количини, како и распон помеѓу понудените и постигнатите цени на земјоделските производи во набљудуваниот период:

Стоки Понудена количина (t) Цена на понудата дин/кг со ДДВ Достигната количина (t) Достигната цена дин/кг со ДДВ Промена во однос на минатата недела
Вештачки сушена пченка, род 2017 година 100 17,27
Вештачки сушена пченка, род 2017 година, гратис период до 31.08 700 17,38-17,82
Вештачки сушена пченка, род 2018 година,испорака во октомври, плаќање 48 часа после достава 2000 17,53
Пченица, род 2018, минимум 12% протеини 300 20,35 300 20,35 +2,78%
Пченица, род 2018, минимум 12% протеини и гратис период до 31.08 500 20,35 -20,68 500 20,35 – 20,68
Пченица, род 2018, hl маса 72 кг, минимум 12% протеини, гратис период до 31.08 1000 19,58
Пченица, род 2018, hl маса 70 кг, минимум 12% протеини 350 19,25
Соја, род 2017 350 40,15 – 40,92 300 40,15 – 40,70 +1,26%
Рж, род 2018 75 16,94 75 16,94
Соина сачма 44% 200 50,88

 

Берзанскиот индекс на Продуктната берза во Нови Сад, ПРОДЕКС на 09.08.2018 година бил на ниво од 203,13 индексни поени, што претставува раст за 1,11 процентни поени во однос на претходната недела.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close