Масовен грабеж на градинарите од Струмичкиот регион од страна на откупувачите
Националната земјоделска мрежа реагира на намалувањето на окупната цена на младата зелка
Националната земјоделска мрежа реагира на намалувањето на окупната цена на младата зелка.
Деновове за жал сме сведоци на масовен грабеж на градинарите од Струмичкиот регион од страна на откупувачите. Имено за само два дена откупните фирми водејќи се од нивниот личен интерес и профитерство откупната цена на кг. пролетна зелка ја симнаа од 30 на само 15 денари со тенденција за понатамошно намалување на откупната цена.
Како Национална земјоделска мрежа јавно ги повикуваме министерот Лупчо Николовски, заменик техничкиот министер Цветан Трипуновски, а особено директорот на земјоделскиот инспекторат Јане Станковски, под итно да излезат на терен и да ги искористат сите законски надлежности. Доколку надлежните се оглушат јавно посочуваме дека ќе ги искористиме сите законски и демократски средства кои ни стојат на располагање. Ние како Национална земјоделска мрежа цврсто и решително ќе застанеме на страна на градинарите и останатите индивидуални земјоделци и ќе ги штитиме нивните права и интереси, стои во реакцијата на Националната земјоделска мрежа.