fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сточарите не можат да ги прехранат овците почнаа да ги затвараат фармите

Сточарите и годинава со истите проблеми неисплатени субвенции за 2020 година, ниски откупни цени на јагнето и без помош од државата. Велат дека со откупна цена од 140 денари за килограм, заработувачката им е сè помала, не можат да ги покријат трошоците за храна и почнаа да ги затвараат фармите и ги продаваат овците. Субвенциите кој требаше да бидат исплатени на 1 март доцнат веќе еден месец, а доколку не бидат исплатени во најкраток можен рок, сточарите се заканија со масовни протести и блокади низ целата држава

Неисплатени субвенции за 2020 година, ниски откупни цени на јагнето, немање на алтернативни пазари за пласман… сточарите и годинава со истите проблеми. Откупна цена на јагнешкото годинава е малку повисока од лани, но се уште е далеку зад производствената од 184 денари за килограм жива мера. Сточарите велат дека со откупна цена од 140 денари за килограм, заработувачката им е се помала, не можат да ги покријат трошоците за храна и почнаа да ги затвараат фармите и ги продаваат овците. Субвенциите кој требаше да бидат исплатени на 1 март доцнат веќе еден месец, а доколку не бидат исплатени во најкраток можен рок, сточарите се заканија со масовни протести и блокади низ целата држава.
Откупот на јагнињата заврши. Најголем дел и годинава отидоа за Италија и Хрватска, а мал дел во арапските земји. Сточарите велат дека и покрај тоа што нашето јагнешко месо е со одличен квалитет и е барано на европските пазари, државата нема стратегија за поголем извоз и пласман на македонското јагне на овие пазари.
Митко Јанков, претседател на Здружението „Агроцентар“, за ВЕЧЕР вели дека сточарите се многу лути, бидејќи се оставени без никаква помош и без ветените субвенции.
-И годинава откупната цена на јагнето беше многу ниска, но како така ги продадовме јагнињата. Мислам дека сточарите не се толку револтирани од откупната цена туку од односот на државата и неисплатените субвенции. Поради тоа голем дел од сточарите почнаа да ги продаваат овците и да ги затвораат фармите. Ако до крајот на неделава не се исплатата субвенциите сите сточарски здруженија ќе излезат на протест, вели Јанков.
Тој додава дека годинава откупната цена била малку повисока од лани и се движела од 145 до 150 денари за килограм, што е далеку од производствената цена преметана од Институтот за сточарство која изнесува 184 денари за килограм жива мера.
И Никола Георгиев, претседател на Сојузот на сточари вели дека откупната цена на јагнето последниве неколку години бележи континуирано намалување.
– За да ги подмириме давачките и да имаме одредена добивка откупната цена треба да биде од 180 денари па нагоре, бидејќи трошоците за храна секоја година се сè повисоки. Но, сточарите немаат друг излез и се принудени да ги продаваат по многу пониска цена, вели Георгиев.
Сточарите од полошкиот, Кичевскиот и Дебарскиот регион, пред неколку дена излегоа на мирен протест и ги предупредија министерството и Владата дека веќе немаат трпение, а ниту храна за овците. Доколку не бидат исплатени во најкраток можен рок, сточарите се заканија со масовни протести и блокади низ целата држава.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close