
Агро бизнисВестиТоп вести
Сточарите од Пелагонија на 20 јуни (петок) излегуваат на мирен протест во Битола
Протестот ќе биде пред зградата на МВШВ во Битола во период од 11 до 12 часот.
Сточарите од Пелагонија на 20 јуни (петок) излегуваат на мирен протест пред зградата на Министерството за земјоделие во Битола.
Како што не информира сточарот Борче Бучински од Могила, денеска протестот го најавиле и во СВР Битола, со напомена дека ќе биде во мирна атмосфера.
Протестот ќе биде едночасовен во период од 11 до 12 часот.
Причините за протестот се повеќе:
-не доисплатените субвенции по грло за 2024 година, уште по 8000 денари загрло добиток
-неиплатеното откупено млеко од почетокот на 2025 година
-намалената откупна цена за литар млеко од страна на млекарниците
А.Б