fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Стојче Ташовски-Државата ни приреди замрзнат и конечен удар врз оризопроизводството

Револт кај оризарите-Дали судбината на оризот ќе биде иста како на шеќерната репка?

Бурни се реакциите на производителите на ориз по одлуката на Владата да ја замрзне и цената на оризот како една од мерките за превенирање на евентуалните поскапувања на основните продукти за исхрана.

-Замрзнувањето на цената на оризот претставува замрзнат и конечен удар врз оризопроизводителите. На последната средба која што ја имавме со премиерот, тој ни вети дека минималната откупна цена ќе биде 25 денари. Од ветеното ништо не е реализирано. Дали државата конечно сака да стави кај на оризопроизводството?  Дали судбината на оризот ќе биде иста како на шеќерната репка? Зошто нашата држава Македонија нема стратегија да ја одржува цената на оризот. Наместо државата да бара нови пазари, нови технологии и помодерен начин на производство на ориз, таа бара и спроведува замрзнување на цената на оризот. Кочанскиот ориз го преживеа пет вековното турско ропство, српското и бугарското време, комунистичка и Титова Југославија и доживеа замрзнување на цените во проевропска Македонија. Затоа ќе порачам дека замрзнувањето на цената на оризот ќе придонесе кон зголемување на завеани, запустени ниви и пропаднато оризопроизводство, реагира Стојче Ташовски за Зелена берза, млад земјоделец,  претставник  на оризопроизводителите од Кочанскиот крај.

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо. Листата се проширува со три нови основни прехранбени производи ориз, јајца и тестенини и има за цел да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението.

А. Блажевска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close