Субвенциите за земјоделците: Што вели Мицкоски, а какви факти изнесува СДСМ
,,Ако се собере вкупниот број на исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ во периодот 2021, 2022, и 2023 година како директни плаќања и поддршка на Програмата за рурален развој, тогаш ќе дојдеме до вкупна сума за три години помала од 14 милијарди денари. Оваа Влада, за две години, има исплатено околу 15 милијарди денари што значи една милијарда денари повеќе отколку што тие исплатија за три години. Тоа е вистината и ова се бројки“. Оваа изјава потоа на својот Фејсбук профил ја пренесe и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
Опозицискиот СДСМ денеска преку соопштение вели дека премиерот Христијан Мицкоски лаже за исплатените субвенции за земјоделците. Цитира негова изјава и потоа ги наведува официјалните податоци од Платежната агенција.
СДСМ ја наведува изјавата на Мицкоски од 15 јуни 2026:
,,Ако се собере вкупниот број на исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ во периодот 2021, 2022, и 2023 година како директни плаќања и поддршка на Програмата за рурален развој, тогаш ќе дојдеме до вкупна сума за три години помала од 14 милијарди денари. Оваа Влада, за две години, има исплатено околу 15 милијарди денари што значи една милијарда денари повеќе отколку што тие исплатија за три години. Тоа е вистината и ова се бројки“. Оваа изјава потоа на својот Фејсбук профил ја пренесe и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
Потоа СДСМ ги наведува официјалните податоци од годишните извештаи на Платежната агенција:
– Во 2021 година, заклучно со 31.12.2021 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 9 милијарди денари.
– Во 2022 година, заклучно со 31.12.2022 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 7,1 милијарди денари.
– Во 2023 година, заклучно со 31.12.2023 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 8,65 милијарди денари.
– Во 2024 година, заклучно со 31.12.2024 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 9,1 милијарди денари, од кои 5 милијарди денари се исплатени во време на Владата предводена од СДСМ до јуни 2024 година, а 4 милијарди по формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на годината.
– Во 2025 година, заклучно со 31.12.2025 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 6,5 милијарди денари.
– Во 2026 година, до овој момент, вклучително и субвенциите за тутунот кои беа исплатени со повеќемесечно доцнење, се исплатени околу 4,5 милијарди денари.
„Ова значи дека од 2021 година до крајот на мандатот на Владата предводена од СДСМ се исплатени 30 милијарди денари (29,7 милијарди денари), а не 14 како што кажа премиерот, додека од почетокот на мандатот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ до денес се исплатени околу 15 милијарди денари“, вели СДСМ.



