fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Сузбивање на нематоди и штетни инсекти во производството на градинарски култури

Совети-подготвил: м-р Васко Манев

Во овој период од годината е актуелно летното производство на градинарски култури. Како најголем проблем во летното производство на овие култури се фитопаразитските нематоди и штетните инсекти. Во наши услови најзастапени се кореновите нематоди кои предизвикуваат задебелувања (гуки) на коренот а тоа се видовите од родот Meloidoginae.

За сузбивање на нематодите во градинарското производство го препорачуваме новиот немотоцид и фунгицид VELUM PRIME (fluopiram 400 g/L). VELUM PRIME содржи активни материја Fluopyram која покажува нематоциден и фунгициден ефект на поголем број фитопаразитски нематоди и габи. VELUM PRIME се применува во домат, пиперка, модар патлиџан, краставица, корнишон, диња, лубеница, тиквички, тиква, морков и компир за сузбивање на нематоди и причинителите на пепелници кај наведените култури. Средството се применува преку системот за наводнување капка по капка во доза од 0,375-0,625 l/ha (375-625 ml/ha) во 2000-6000 l вода /ha. Средството се применува 1 – 3 дена пред расадување или 1-3 дена после расадување, а примената треба да се повтори после 15-30 дена од првата примена. Каренцата во краставица, тиквички и корнишон е 1 ден, а за останатите култури е 3 дена.

Во производството на домат во изминатите неколку години кај нас и во голем број на земји во светот најголем проблем претставува лисниот минер на доматот Tuta absoluta. За сузбивање на овој штетник на доматот, неопходна е примена на соодветни инсектициди. Со хемиска заштита против овој штетник потребно е да се започне уште при производството на расад, како и после расадувањето на постојано место. За сузбивање на овој штетник препорачуваме примена на следните инсектициди: SPINTOR 240 SC (spinosad 240 g/L) 0,5 L/ha, CORAGEN 20 SC (chlorantraniliprole 200 g/L) 0,2 L/ha, AVAUNT 15 EC (indoxacarb 150 g/L) 0,33 L/ha, ALVERDE (metaflumizone 240 g/L) 1 L/ha, DELEGATE 250 WG (spinetoram 250 g/kg) 0,3 kg/ha, EXALT (spinetoram 25 g/L) 2,4 L/ha, HARPUN (pyriproxyfen 100 g/L) 1 L/ha, POLUX (delthamethrin 25 g/L) 0,5 L/ha, DECIS 2,5 EC (delthamethrin 25 g/L) 0,5 L/ha, PYRETHRUM 5 EC (pyrethrin 50 g/L) 0,65 L/ha и FASTAC 10 EC (alpha-cipermethrin 100 g/L) 0,25 L/ha. SPINTOR 240 SC делува контактно и дигестивно, и делува на сите стадиуми од развојот на Тuta absoluta, јајца, ларви и имага, и дозволен e за примена во органско производство. CORAGEN 20 SC делува на стадиумите јајца и ларви, AVAUNT 15 EC делува на јајцата и ларвите, ALVERDE делува на ларвите, DELEGATE 250 WG и EXALT делува на јајца, ларви и имага а се истакнуваат со брза ларвицидна активност, HARPUN делува на јајцата, а POLUX, DECIS 2,5 EC, PYRETHRUM 5 EC и FASTAC 10 EC делуваат на пеперутките. Заради високиот капацитет за репродукција и брз развој на една генерација (24 дена на температура од 27°C), неопходно е кога притисокот од штетникот е голем да се скрати бројот на денови помеѓу две прскања, да се прави комбинација од два или три инсектициди кои  делуваат на различни стадиуми од развојот на штетникот, и имаат различен механизам на делување се со цел да спречи или одложи појавата на резистеност кон користените инсектициди.

Во производството на домат, пиперка, модар патлиџан, краставица, корнишон, тиквички, диња и лубеница голем проблем претставуваат лисните вошки, оранжериската белокрилка и калифорнискиот трипс. За сузбивање на лисните вошки и оранжериската белокрилка препорачуваме примена на еден од инсектицидите TEPPEKI 500 WG (flonicamid 500 g/kg) во доза од 0,14 kg/ha, CLOSER 120 SC (sulfoxaflor 120 g/L) 0,4 L/ha, MOVENTO 100 SC (spirotetramat 100 g/L) 1L/ha, PYRETHRUM 5 EC (pyrethrin 50 g/L) 0,65 L/ha или LIMOCIDE (масло од портокал) 4 L/ha, додека HARPUN (pyriproxyfen 100 g/L) 1 L/ha е наменет за сузбивање на  белокрилката. SPINTOR 240 SC, EXALT, PYRETHRUM 5 EC и LIMOCIDE покрај тоа што ги сузбиваат штетните инсекти кои се наведени погоре, исто така ефикасно сузбиваат и трипси. PYRETHRUM 5 EC, LIMICIDE и SPINTOR 240 SC се дозволени за примена во органско производство.

Подготвил: м-р Васко Манев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close