вестиТоп вести

До 31 декември е продолжен рокот за поднесување на барање за предадено јагне во кланичен капацитет

Од  МЗШВ соопштуваат дека е продолжен рокот за поднесувањето на Барање за дополнителни директни плаќања за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет 2019 година.

РОКОТ за поднесување е до 31 ДЕКЕМВРИ 2019 година.

Во прилог е потврдата која треба да Ви биде издадена од кланицата.

Дополнителната субвенција е за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет  е во висина од 400 денари по грло.

Сите фармери кои ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка барањата можат да ги поднесат електронски со помош на компјутер. За да се аплицира, потребно е да се  најават на веб страната на Агенцијата, односно на  www.ipardpa.gov.mk и во полето „Директни плаќања-е барање“ ќе може да се поднесе електронското барање за предадено јагне, за произведено и предадено млеко или за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети во период мај-септември 2019 година. Сите фармери, кои имаат проблем сами да креираат, односно да поднесат електронско барање, може да побараат  помош во подрачните единици на министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Владата на Република Северна Македонија  донесе одлука за оваа дополнителна субвенција поради проблемите со висината на откупната цена, а со цел да се намалaт загубите на сточарите.

Ова е линкот каде може да се преземе потврдата.

Извор: МЗШВ

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close