fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

ИПАРД 3 – Нови 97 милиони евра од ЕУ за модернизација на земјоделството

Зголемување од 37 милиони евра во однос на ИПАРД 2 програмата со која земјата имаше на располагање 60 милиони евра, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Македонија има на располагање нови 97 милиони евра со ИПАРД 3 програмата за модернизација на македонското земјоделство, што е зголемување од 37 милиони евра во однос на ИПАРД 2 програмата со која земјата имаше на располагање 60 милиони евра, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот Ковачевски денеска го означи почетокот на новата ИПАРД 3 програма, заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. ИПАРД е фонд на Европската унија за поддршка и развојот на земјоделството, а Ковачевски додаде дека зголемувањетео на средствата во ИПАРД 3 програмата е заради што земјата има голема искористеност во ИПАРД 2.

„Го објавивме последниот повик од ИПАРД 2 програмата од 8,8 милиони евра – програма којашто има цел да се инвестира дома, со што целосно се реализира програмата, без ниту еден денар вратен назад кон Европската унија. Што значи сите финансиски средства ќе бидат искористени и пласирани во нашето земјоделство“, рече Ковачевски.

Со ИПАРД 2 програмата Северна Македонија има највиско ниво искористеност од сите земји кандидатки за членство во ЕУ – беа беа склучеи 2.369 договори со земјоделци, рече Ковачевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close