fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Пак ќе се готви и пере на евтина струја во текот на денот

Се прават анализи за донесување на одлука со која повторно ќе може да се воведе евтина тарифа за струја преку ден.

До крајот на јуни Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе одлука за евтина дневна тарифа. Како што вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, за весникот ВЕЧЕР во моментов се прават анализи.

-Во РКЕ се прават анализи во кој период од денот ќе може да имаат граѓаните евтина струја. Тоа најверојатно ќе биде  во периодот од 12 до 16 часот, но не се знае колку часа, дали ќе бидат два како порано или повеќе. Тоа ќе го кажат деталните анализи кои треба да бидат готови до јуни, за да до крајот на јуни ја донесеме и одлуката – вели Бислимоски и дополнува дека за оваа намена треба да се приспособи и тарифниот систем.

Цената би требало да биде значително пониска од цената која се плаќа во првиот тарифен блок, односно од 7,41 денар за киловат-час.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close