fbpx
ВестиТоп вести

Со модернизација на земјоделството до подобар пласман на европските пазари

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство , Трајан Димковски, беше во посета на откупно дистрибутивниот центар на Агроаломентате во Рим, Италија.

Посетата на Агроаломентате е со цел учење и преземање на добрите пракси како и квалитетниот менаџмент кои придонесуваат оваа агрофуд платформа да биде една од најзначајните и најуспешните во Европа.

По успешните преговори со Светска Банка за проектот Модернизација на земјоделството во вредност од 46 милиони евра, во кој како главна компонента се два откупни центри во Ресен и Струмица како и агрофуд платформа во Скопје, ние сме на чекор од нашата цел.

Изградбата на совремнен откупно дистрибутивен центар во Ресен е потребен за да се надмине проблемот со складирање и чување на земјоделските производи, пред се јаболката што ќе доведе кон стандардизирано производство и комерцијализација на домашен и меѓународен пазар, додека пак, откупно дистрибутивниот центар во Струмица ќе се фокусира на главните култури произведени во регионот, како што се домати, зелка и пипер.

Откупно дистрибутивниот центар во Скопје, ќе  допринесе кон подобрување на снабдувањето со безбедни и стандардизирани производи од свежа храна за потрошувачите во скопскиот регион

На  средбаta со менаџментот на Агроалиментаре беше заклучено дека изградбата и менаџирањето на ваков тип на откупно дистрибутивен центар во Република Северна Македонија значително ќе допринесе  за модернизирање и унапредувањето на земјоделството не само во нашата држава туку и во целиот регион.

Слични написи

Back to top button
Close