fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски најавува-дополнителна поддршка за производителите на ориз

Висината на дополнителни директни плаќања за ориз изнесува 12.000 денари од хектар, без употреба на сертифициран семенски материјал, а 19.000 денари од хектар, со употреба на сертифициран семенски материјал

Нова поддршка предвидуваме и за производителите на ориз менувајќи ја подмерката 1.2 од уредбата за директни плаќања, истакна министерот Љупчо Николовски..

„Преку измените висината на дополнителни директни плаќања за ориз изнесува 12.000 денари од хектар, без употреба на сертифициран семенски материјал, а 19.000 денари од хектар, со употреба на сертифициран семенски материјал“, изјави министерот Николовски.

Сите земјоделци што имаат засеано површини со ориз со сертифициран семенски материјал доказите за набавка треба да ги достават до подрачните единици на МЗШВ, каде што имаат поднесено барање за финансиска поддршка, најдоцна до 14 јули. Врз основа на овие докази потоа АФПЗРР ќе изврши пресметка на износот на исплата на оваа дополнителна поддршка.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close